Битка кај Битлис
Изглед
Битка кај Битлис | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Кавкаски поход во Блискоисточен фронт | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Руско Царство | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Николај Јуденич Андраник Озанијан | Ахмед Изет Паша Мустафа Кемал |
|
Битка кај Битлис — битка помеѓу Отоманското Царство и Руското Царство во текот на Првата светска војна.
Битката кај Битлис се одвила во периодот од јули 1915 до август 1916 година. Битката завршила со зазимање на градот Битлис од страна на Руската Империја. Првиот напад на руската армија се случил во јули 1915 година кој завршил со неуспех. Вториот напад се случил во февруари 1916 година како претпоследен обид на руската армија преку градот да навлезе кон Анадолија и Месопотамија. По овој напад на чело на османлиската армија застанал Мустафа Кемал чија задача била да го одбрани регионот. Но Османлиите биле бргу поразени кон почетокот на 9 август и целиот регион паднал под руска и ерменска контрола.