8 јануари
Изглед
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
8 јануари — 8-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 357 денови до крајот на годината (358 во престапна).
Настани:
1198 | Инокентиј III станува папа. |
1679 | Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величествените Нијагарини Водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција. |
1991 | Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили. |
1993 | На пат кон Сараевскиот аеродром, во конвој под заштита на силите на УНПРОФОР, од страна на српските сили е убиен заменик-премиерот на Босна и Херцеговина, Хакија Тураљиќ. |
Родени:
Починале:
1198 | Целестин III — римски папа. |
1324 | Марко Поло — венецијански трговец и истражувач. |
1642 | Галилео Галилеј — италијански астроном и физичар. |
1713 | Арканџело Корели — италијански композитор и виолинист. |
1896 | Пол Верлен — истакнат француски симболистички поет. |
1951 | Војдан Чернодрински — македонски драматург, основоположник на македонскиот театар. |
1965 | Борис Барнет — советски филмски режисер и глумец. |
1980 | Џон Мокли — американски физичар. |
1991 | Стив Кларк — англиски рок-музичар, член на групата Деф лепард (Def Leppard). |
2007 | Ѓорѓи Здравев — македонски етнолог и костимограф. |
2010 | Славка Манева — македонска писателка. |
2016 | Отис Клеј — американски соул-пејач. |