Прејди на содржината

Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook и на Instagram!

Во тек е гласање за доделување на статусот „избрана статија“ на статиите: „Фатимидски Калифат“, „Роберто Баџо“, „Антарктик“, „Кајперов Појас“ и „Кришна“.

Уредувачки ден „Меѓународни денови на Обединетите нации“
Уредувачки ден „Меѓународни денови на Обединетите нации“

Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека на 9 јануари 2025 година ќе се одржи уредувачки ден на тема „Меѓународни денови на Обединетите нации“.

Тахир Кадриу

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тахир Кадриу (албански: Tahir Kadriu) — македонски економист и политичар од албанско потекло. Роден е на 24 ноември 1938 во Тетово, Македонија. Завршил Економски факултет. Бил претседател на Околискиот комитет на Сојузот на младината, член на Околискиот комитет на СКМ и потпретседател на Собранието на општина Тетово. Исто така, бил член на ЦК на СКМ и член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ, пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ, пратеник во Соборот на народите и пратеник во Општествено-политичкиот собор на Собранието на СФРЈ.[1]

  1. Македонска енциклопедија. I (I. изд.). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.