Мароко се дели на 16 региони прогласени во 2012 г. со законот за децентрализација (регионализација)[1] и претставуваат највисока административна единица во земјата. Регионите потоа се делат на вкупно 61 префектури и покраини. На чело на секој регион стои валија (управник), што го предлага кралот. Валијата воедно е управник и на покраината/префектурата во којашто живее.
Регионите Гелимим-Ес-Семара (3) и Лаајун-Буждур-Сакија Ел-Хамра (2) делумно навлегуваат територија Западна Сахара. Уед Ед-Дахаб-Лагуира (1) е наполно во нејзините граници. Суверенитетот врз Западна Сахара е предмет на спор Мароко и фронтот Полисарио, кој ја смета територијата за независна Сахарска Арапска Демократска Република (САДР). Најголемиот дел од регионот е под управа на Мароко како негови јужни покраини. Фронтот Полисарио, кој има седиште во Тиндуф во југозападен Алжир, владее само со подрачјата источно од Мароканскиот Ѕид.