3 април
Изглед
<< | април | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | ||||
2024 |
3 април — 93-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (94-и во престапна година). Остануваат 272 денови до крајот на годината.
Настани:
1043 | Едвард Исповедникот е крунисан за крал на Англија. |
1789 | Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент. |
1917 | Владимир Илич Ленин се вратил во Русија од прогонство и застанал на чело на Руската револуција од 1917. Пред болшевичките водачи го претставил својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“ познат и како „Априлски тези“. |
1945 | Во Скопје, со изведувањето на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар. |
1948 | Претседателот на САД Хари Труман го потпишал Маршаловиот план со кој ја овластил помошта на САД од 5 милијарди долари за обновата на 16 европски земји по Втората светска војна. |
1973 | Во Њујорк, САД е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон. |
1986 | IBM го претставил новиот производ PC Convertible, првиот преносен сметач со димензии слични на денешните. |
2008 | И покрај решеноста на останатите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија. |
Родени:
1461 | Ана де Божу — француска принцеза, ќерка на Луј XI. |
1783 | Вашингтон Ирвинг — американски писател, есеист, историчар и дипломат († 1859). |
1922 | Дорис Деј — американска филмска глумица и пејачка. |
1924 | Марлон Брандо — американски филмски глумец († 2004). |
1930 | Хелмут Кол — канцелар на Германија. |
1932 | Јован Ивањин — македонски поет и романописец. |
1942 | Адемир да Гуја — бразилски фудбалер. |
1943 | Зоран Ковачевски — македонски писател. |
1958 | Алек Болдвин — американски глумец. |
1961 | Еди Марфи — американски глумец и комичар. |
1978 | Томи Хас — германски тенисер. |
1984 | Макси Лопес — аргентински фудбалер. |
1985 | Леона Луис — британска поп-пејачка. |
1990 | Ловре Калиниќ — хрватски фудбалер. |
1995 | Адријан Рабио — француски фудбалер. |
1996 | Фабијан Руис — шпански фудбалер. |
2003 | Пабло Торе — шпански фудбалер. |
Починале:
1171 | Филип од Наблус — седмиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари. |
1287 | Хонориј IV — римски папа. |
1862 | Џејмс Кларк Рос — британски поморски истражувач. |
1882 | Џеси Џејмс — американски разбојник (р. 1847). |
1897 | Јоханес Брамс — германски композитор, пијанист и диригент. |
1990 | Сара Вон — американска џез пејачка (р. 1924). |
1950 | Курт Веил — германско-американски композитор. |
1897 | Греам Грин — англиски писател (р. 1904). |
1915 | Надежда Петровиќ — српска сликарка. |
2015 | Боб Барнс — американски рок-музичар, член на групата Линард скинард (Lynard Skynard). |
2016 | Чезаре Малдини — италијански фудбалер и тренер. |
2024 | Вељко Булајиќ — југословенски режисер. |