Прејди на содржината

31 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< јули >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

31 јули — 212-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (213-и во престапна година). Остануваат 153 денови до крајот на годината.

Настани:

904  Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство.
1498  Кристифор Колумбо, на своето трето патување во Новиот Свет, го открива островот Тринидад, а потоа за првпат стапна на брегот на Јужна Америка.
1908  По победата на Младотурската револуција, Јане Сандански упатува „Манифест до сите народности во Османлиското Царство“.
1941  Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за отстранување на Евреите од Европа.
1945  Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија.
1954  Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот „Годвин Остин“, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата.
1964  Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем дострел на астрономијата по Галилео Галилеј.
2006  На Куба Фидел Кастро му ја предава власта на својот брат Раул Кастро.

Родени:

1704  Габриел Крамер — швајцарски математичар.
1800  Фридрих Велергермански хемичар.
1912  Милтон Фридманамерикански економист, добитник на Нобеловата награда.
1919  Примо Левииталијански писател.
1929  Хосе Сантамарија — уругвајско-шпански фудбалер.
1944  Роберт Мертон (економист) — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1997 година.
1958  Бил Бери — американски рок-музичар.
1965  Џоан Роулингшкотска писателка — автор на книгите „Хари Потер“.
1969  Антонио Конте — италијански фудбалер и тренер.
1986  Евгени Малкин - руски хокеар.
1987  Мајкл Бредли — американски фудбалер.
1989  Викторија Азаренка — белоруска тенисерка.

Починале:

1784  Дени Дидрофранцуски филозоф.
1849  Шандор Петефи — унгарски поет.
1886  Франц Листунгарски пијанист и композитор.
1907  Пандо Кљашев — македонски револуционер.
1944  Антоан де Сент Егзипери — француски писател и воздухопловец.
1986  Теди Вилсон — американски џез-музичар.
1988  Андре Навара — француски виолончелист.
2001  Тахир Синани — поранешен член на ОНА.
2001  Бурим Хусеини — поранешен член на ОНА.
2009  Боби Робсон — англиски фудбалер и тренер.
2017  Жана Моро — француска глумица.
2019  Харолд Принс — американски продуцент и режисер.