Прејди на содржината

28 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< февруари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29
2024

28 февруари — 59-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 306 денови до крајот на годината (307 во престапна).

Настани:

1825  Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика Британија со кој е определена границата меѓу Алјаска и Канада.
1922  Велика Британија формално прогласи независност на Египет, но ја задржа контролата над Суецкиот Канал.
1934  Основан е Музејот на град Битола.
1948  Последните британски воени единици ја напуштија Индија.
1974  САД и Египет по седум години прекин, ги обновија дипломатските односи.
1987  на Видовден, Слободан Милошевиќ ѝ се обраќа на публиката на Косово Поле по повод шестогодишнината од Битката на Косово. Некои аналитичари неговиот говор го карактеризираат како официјален почеток на српската националистичка кампања.
1992  Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање на 22.000 „сини шлемови“ во Камбоџа.
1994  Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за првпат директно се вмешаа во босанскиот конфликт.

Родени:

274  Константин I Великиримски цар од 306 до 337 година.
1533  Мишел де Монтењ — француски ренесансен писател и мислител.
1552  Јост Бирги — швајцарски часовничар и математичар.
1890  Владимир Нижински — руски балетан и кореограф.
1903  Винсент Минели — американски режисер.
1940  Марио Андрети — американски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“ во 1978 година.
1942  Брајан Џоунс — англиски рок-музичар, член на групата Ролинг Стоунс.
1942  Дино Ѕоф — италијански фудбалски голман.
1944  Сеп Мајер — германски фудбалски голман.
1950  Антонело Рива — италијански кошаркар.
1953  Пол Кругман — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2008 година.
1957  Јан Кулеманс — белгиски фудбалер.
1961  Борут Петрич — словенечки и југословенски пливач.
1979  Примож Петерка — словенечки скокач со скии.
1979  Иво Карловиќ — хрватски тенисер.
1980  Кристијан Поулсен — дански фудбалер.
1980  Васил Зафирчев — македонски театарски и филмски глумец.
1980  Тејшон Принц — американски кошаркар.
1982  Алберто Лосада — шпански велосипедист.
1985  Јелена Јанковиќ — српска тенисерка.
1999  Лука Дончиќ — словенечки кошаркар.
2000  Моис Кин — италијански фудбалер.
1998  Јосип Шутало — хрватски фудбалер.

Починале:

1869  Алфонс де Ламартин — француски поет и академик.
1907  Петар Христов - Германчето — македонски револуционер.
1916  Хенри Џејмс — американско-британски писател.
1941  Алфонсо XIIIкрал на Шпанија.
1981  Љутви Руси — македонски новинар, писател и преведувач.
1986  Улоф Палмепремиер на Шведска.
2001  Ранко Маринковиќ — хрватски и југословенски писател.
2010  Куширо Хајаши — јапонски астрофизичар.
2011  Џејн Расел — американска глумица.
2023  Милан Јелиќ — српски режисер, драмски писател и глумец.