22 ноември
Изглед
<< | ноември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
2024 |
22 ноември — 326-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (327-и во престапна година). Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак стрелец.Остануваат 39 денови до крајот на годината.
Настани:
1908 | Во Битола е усвоена албанската азбука. |
1943 | Либан стекнува независност од Франција. |
1963 | Во Далас е убиен американскиот претседател Џон Кенеди. |
1974 | Генералното собрание на Обединетите нации и доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација. |
1986 | Победувајќи го актуелниот првак Тревор Бербик со технички нокаут во втората рунда, Мајк Тајсон ја освоил првачката титула во бокс во тешка категорија, во верзијата на WBC. На тој начин, на возраст од 20 години и четири месеци, тој станал најмладиот првак во тешка категорија во историјата на професионалниот бокс. |
1991 | Египетскиот политичар Бутрос Бутрос-Гали е избран за генерален секретар на Обединетите Нации, со што стана прв Арап (и прв жител на Африка) избран на таа функција. |
Родени:
Починале:
1286 | Ерик V — крал на Данска. |
1318 | Михаил II — голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство. |
1617 | Ахмед I — отомански султан. |
1900 | Артур Саливен — познат британски композитор и диригент. |
1916 | Џек Лондон — американски писател. |
1963 | Џон Кенеди — претседател на САД. |
1971 | Кирил Николов — македонски новинар. |
1980 | Ме Вест — американска глумица. |
1981 | Милан Кашанин — српски и југословенски писател, ликовен критичар и историчар на уметноста. |
2000 | Емил Затопек — чехословачки атлетичар. |
2011 | Пол Моушијан — американски џез-музичар. |
2020 | Мустафа Надаревиќ — босански и југословенски глумец и режисер. |