1 јуни
Изглед
<< | јуни | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
1 јуни — 152-риот ден во годината според грегоријанскиот календар (153-ти во престапна година). Остануваат 213 дена до крајот на годината.
Настани:
1880 | Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на. банката „Јејл“ во Њу Хевен. |
1941 | Втора светска војна: Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка. |
1953 | Во Женева е основана Европската организација за јадрени истражувања. |
1992 | Во Скопје е поставен камен-темелникот на Домот-музеј на народната музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година. |
1994 | Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава. |
1994 | ЈАР по 33 години се врати во Британскиот комонвелт. |
1994 | Во Скопје е поставен камен - темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација. |
1998 | Соња Николовска, сопственик на пирамидалната штедилница „ТАТ” е осудена на казна затвор од 8 години. |
2005 | Жан-Пол Пруст станува Државен министер (шеф на владата) на Монако. |
2008 | На вонредните парламентарни избори во Република Македонија победи ВМРО ДПМНЕ освојувајќи повеќе од половината од пратеничките места. Изборите беа проследени со насилства и употреба на огнено оружје, при што едно лице го загуби животот, а повеќемина беа ранети.
|
Родени:
1804 | Михаил Иванович Глинка — руски композитор. |
1815 | Отон I — крал на Грција. |
1907 | Јан Паточка — чешки филозоф. |
1926 | Норма Џин (Мерилин Монро) — американска глумица. |
1936 | Беким Фехмиу — југословенски глумец. |
1937 | Морган Фримен — американски глумец. |
1943 | Драган Јаневски — македонски поет. |
1946 | Славе Димитров — македонски композитор, пејач и аранжер. |
1947 | Рони Вуд — англиски рок-музичар, член на групата „Ролинг Стоунс“. |
1955 | Душан Савиќ — српски и југословенски фудбалер. |
1960 | Владимир Крутов — руски и советски хокеар. |
1973 | Хајди Клум — германска манекенка. |
1974 | Аланис Морисет — канадско-американска пејачка. |
1978 | Александар Шапиќ — српски ватерполист и политичар. |
1985 | Тирунеш Дибаба — етиопска атлетичарка. |
1988 | Домагој Дувњак — хрватски ракометар. |
1990 | Марино Мариќ —хрватски ракометар. |
Починале:
193 | Дидиј Јулијан — римски цар. |
1846 | Грегориј XVI — римски папа. |
1946 | Јон Антонеску — премиер на Романија. |
1948 | Сони Бој Вилијамсон I — американски блуз-музичар. |
1952 | Џон Деви — американски филозоф. |
1953 | Алекс Џејмс — шкотски фудбалер. |
1968 | Хелен Келер — американска активистка и писателка. |
1974 | Хуан Перон — аргентински политичар и државник. |
1984 | Кирил Симоновски - Џина — македонски и југословенски фудбалер. |
2003 | Панче Васоски — македонски глумец. |
2008 | Ив Сен Лоран — француски моден творец. |
2010 | Андреј Вознесенски — руски поет и писател. |
2018 | Синан Сакиќ — српски и југословенски фолк-пејач. |