Прејди на содржината

Одбор на директори

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корпоративното управување може да се дефинира како власт во организациите применувана од одборот на директори и одговорност на менаџерите спрема стејкхолдерите. Одборот на директори е група на поединци со краен правен авторитет кој правни им се одговорни на акционерите и се избрани и од нив. Тој ја води и ја контролира компанијата,и од тука делотворен одбор е важен за успехот на компанијата. Тој е врска помеѓу менаџерите и инвеститорите и доброто корпоративно управуваље и инвеститорските односи. Постојат 2 вида на системи на одбори на директори: -едностепен -двостепен На пример во Велика Британија е застапен двостепениот систем.

1.Едностепен одбор -ваков одбор постои во Велика Британија и Соединетите Американски Држави и се одликува како составенод извршни и неизвршни директори. Тој е одговорен за сите активности на компанијата,и сета директори се стремат да ги остварат поставените цели. Директорите се одбрани од страна на акционерите.

2.Двостепен одбор -овој одбор се состои од надзорен и управен одбор на менаџментот. Важна разлика постои помеѓу функциите на надзорниот одбор и функциите на управниот одбор. Надзорниот одбор е одговорен за контрола на бизнисот а управниот одбор е одговорен за водење на бизнисот. Членови на едниот одбор не можат да бидат членови на другиот одбор. Акционерите ги бираат членовите на надзорниот одбор, а надзорниот одбор ги бира членовите на управниот одбор.

3.Разлики помеѓу едностепениот и двостепениот управен одбор -во едностепениот одбор акционерите ги бираат членовите во надзорниот одбор. Во двостепениот одбор надзорниот одбор ги бира членовите на управниот одбор (составено од група на менаџери кои делегираат авторитет). Обично и во двата система членовите се бираат од страна на акционерите. Главна предност во едностепениот систем е тоа што таму има подобра комуникација и подобар тек на информации,додека во двостепениот систем има строга и формална разделба помеѓу надзорниот одбор и тие што се надгледувани. На пример: Во Велика Британија,во едностепениот систем улогите на претседателот и СЕО се одвоени бидејќи многу моќ е исконцентрирана во една улога. Претседателот е одговорен за раководење со одборот а СЕО е одговорен за водење на бизнисот. The Combinated Code констатира дека и двете улоги не треба да се спојуваат во една (само 5 од 100 компании ги споиле и двете улоги).

'Поделба на одборот:'

[уреди | уреди извор]

Следејки го развојот на одборите може да се индетификуваат два вида одбори на директори:

А) Според еволуцијата може да се клафицираат како конститутивни, консултативни, колегијални и јавни.

Б) Според содржината на работата одборите се клафицираат како: грижливи, статутарни, проактивни и партиципативни.

• Конститутивниот одбор акцент става на правниот менаџмент и во секоја корпорација го добива од државата • Консултативниот одбор е производ на еволуцијата каде што доминантниот СЕО не може да дејствува како семоќен и има потреба од совети. • Колегијалниот одбор е резултат на дистрибуцијата на сопствеништвото со постоење на силна коалиција меѓу одборот на директори и корпорацијата,за минимизирање на моќта заснована на една личност. • Јавниот одбор е еден вид политички одбор,повеќе заснован на политичката моќ отколку на економската. • Грижливиот одбор се одликува со мала моќ на одборот и мала моќ на СЕО • Статутарниот одбор е прототип на неефективниот одбор, за разлика од грижливите СЕО е моќен и претставува централна фигура во одличувањето во претпријатието. • Проактивениот одбор е вистински претставник на власта во предпријатието уживајќи на поголемата мок во однос на моќта што ја има СЕО • Партиципативниот одбор се одликува со дискусии, дебати и насогласувања

Одборот е одговорен за поставување на целите на компанијата како и за стратегиите и плановите за постигнување на тие цели, мониторингот за постигнување на тие цели како и усовршување на СЕО. Одборите кои покажуваат поголеми и подобри резултати во делотворноста на одборот тогаш и перформансите на компанијата се подобри и посупериорни. Делотворноста на одборот влијае на линијата на дното.

На пример. Одборите коишто го фокусираат своето внимание на надвор од компанијата и постигнуваат подобри резултати од надворешната извршност не покажуваат некои добри резултати во истата година но затоа пак заработувачката во наредната година е подобра. Овие факти покажуваат дека директорите кои повеќе се трудат да изградат врска со надворешните соработници е потенцијално продуктивна стратегија. Многу е важно улогата,обврските и одговорностите на директорите да бидат јасно дефинирани.

Постојат 3 важни улоги на одборот на директори:

-   услужна
-   стратегиска
-   контролна.

Првиот од нив е зголеменото фокусирање на улогата која водачите ја играат во компанијата. Менаџмент литературата е преполна со книги кои расправаат дека водството на врвот на компанијата е критично за создавање визија, спроведување на стратегијата.

Втор е притисокот од страна на инвеститорите и општеството. Помеѓу многуте капитални менаџери постои верување дека цврст одбор претставува витален елемент во осигурувањето на успехот.

Последниот водич е медиумот. Во денешно време сите бизнис весници и списанија редовно пишуваат колумни за одборите и нивната работа. Покривеноста на медиумите на одборите продолжува да расте. Делумно е затоа што одборите во секое време имаат нови вести и новости. Освен овие три водичи одборите се насочени со нови предизвици, поголеми и од оние во 1980 1990 година. Зголемената глобализација на економијата во корпорацијата и брзите предности на информациските технологии ќе донесат многу нови предизвици. Одборите мора да се соочат со предизвикот да ги модернизираат информациските технологии. Како што интернетот претставува сè поголем алат за работа во бизнисот така и времето кое е на располагање на одборите за донесување на одлуки е се пократко.

Што е делотворен одбор?

[уреди | уреди извор]

За нас, ова е најинтересното и најосновното прашање: Што е тоа делотворен одбор и што е тоа што го прави делотворен? На ова прашање може да се одговори со одредување на улогите на делотворните одбори. Во САД се смета дека делотворните одбори треба да бидат одредени според вредноста на акционерите. Меѓутоа сепак овој поглед се чини како во потесна смисла така и во поширока смисла би требало да се вреднува според стејкхолдерите. При прифаќање на вреднувањето според стејкхолдерите се должи на развивањето на се поважните правци во глобалната бизнис околина.

Да започнеме со најкритичните стејкхолдери-вработените. Благодарение на зголемувањето на знаењето на работниците, физичката способност не е веќе пресудна за успехот на корпорацијата. Сега сè се должи на умствената способност - повеќе знаење на работниците, сè поголем успех на корпорацијата. Најдобар примеp би била Силициумската Долина каде што најталентираните вработени се во постојано движење помеѓу фирмите. Исто така врската со снабдувачите е многу сменето во последните две декати. Потребата за побрзо производство, за помали трошоци, и што подобар квалитет резултирани со намалување на бројот на снабдувачи. Со намалување на бројот на снабдувачите фирмите остануваат во контакт со неколку од нив и остануваат стратегиски партнери. Како резултат на ова снабдувачите инвестираат сè повеќе во корист на постојаните клиенти и стануваат инвеститори во компаниите. Во овој поглед се работите тие не се разликуваат со акционерите или вработените. Разликата е во тоа што вработените и снабдувачите инвестираат во една фирма а инвеститорите во повеќе фирми.

'Клучни обврски на одборот':

[уреди | уреди извор]

Примарните улоги на одборот се доста разноводни и зависат од позицијата и дали се работи за СЕО, за внатрешен директор, надворешен директор, акционерски управител. На пример: Според академската литература примарна обврска на одборот е надгледување на целокупната работа во организацихјата на извршителите како и нивното однесување и перформанси. Теоритичарите за зависноста на средствата велат дека примарна обврска на одборот е дека тие се тука за преку другите членови на другите организации да ги обезбедат клучните елементи како на пример капиталот и бизнис партнерството. А научниците велат дека примарна обврска е да ги исполнат легалните обврски и да ги застапуваат интересите на акционерите, избирањето и замената на СЕО и чување од секакви правни незгоди. А менаџмент експертите тврдат дека најосновна обврска на одборот е смислувањето и спроведувањето на најдобра стратегија на врвниот менаџмент ин промоција на регулацијата на корпорацијата. Една од причините зошто се важни обврските на одборот е времето потрошено на нив.

'Примарни обврски на денешните директори:'

[уреди | уреди извор]

• Одобрување на поголемиот дел на дејствата во корпорацијата • Одредување совет на корпоративниот менаџмент • Надзор на перформансите на менаџерите • Обезбедување на делотворна процедура за ревизија на финансиите • Одредување на пристап на вработените од менаџмент секторот заради вклучување на одлуките во врска со корпорацијата • Надгледување на инвестициите во компанијата и осигурување дека се е според законот