Прејди на содржината

Михаил Ходорковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Михаил Ходорковски
Михаил Ходорковски во 2001
Роден(а)26 јуни 1963(1963-06-26)(61 г.)
Москва, Советски Сојуз
НационалностРусин
НародностЕвреин
Алма матерМенделеевски универзитет во Москва
ЗанимањеЗаменик-министер за гориво и енергетика (1993)
главен сопственик на Јукос (1997-2004)
СопружникЕлена (развод) Ина
Деца4
Михаил Ходорковски на средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, во 2002 година

Михаил Ходорковски (руски: Михаи́л Бори́сович Ходорко́вский) — поранешен руски олигарх[1][2] и стопанственик, роден на 26 јуни 1963 година во Москва во семејството на Борис Мојсеевич и Марина Филиповна. Татко му бил евреин, а мајка му христијанка.

Рани години

[уреди | уреди извор]

Кога бил мал, неговото семејство живеело во комплекс мали станбени општествени згради иако условите подоцна им се подобриле кога татко му бил унапреден на својата работа. Градинката во која одел Ходорковски била веднаш до фабриката во која работел неговиот татко. Своето средно образование го завршил во 1981 година и по ова се запишпал да студира хемија на Менделеевиот институт за хемиска технологија во Москва, специјализирајќи на студиите за ракетно гориво. Финансиски Ходорковски се поддржувал со тоа што рабортел како дрводелец во една станбена задруга. На универзитетот се запознал со својата идна сопруга, Елена.

Нивниот прв син Павел се родил во 1985 година. Ходорковски дипломирал на Менделеевскиот институт во академската 1996 година како најдобар студент. Иако неговите порвични амбиции да работи во одбраната биле попречени од фактот што тој бил евреин, сепак станал заменик-секретар на Комсомол - односно партијата на младите комунисти на московската област Фрунзе. Како и многумина комсомолски водачи, така и тој ги користел недвижностите и политичките врски да профитира од перестројката.

Во 1986 година, Ходорковски ја запознал својата втора сопруга Ина и заедно го формирале Центарот за научна и технолошка младина. Навидум младинска група, центарот бил фронт на комерцијалните активности на неговите членови. Така тој и неговите колеги оделе од една во друга фабрика и продавале нови технологии, увезувале лични сметачи и продавале француски коњак.

До 1987 година, компанијата на Ходорковски можела да се пофали дека на својот список од клиенти има многу советски министри, како и околу 5.000 вработени и дека добиваат годишен приход од 80 милиони рубли. При крјот на истата година, Централниот комитет нз Комсомол им дал овластување на своите организации да отвораат банкарски сметки и да ги трошат своите пари. Реагирајќи брзо на оваа можност, Ходорковски ја основал банката Менатеп. Банката набргу се проширила и до 1990 година, односно една година пред падот на комунизмот, таа дури отворила и офшор сметки.

Доаѓањето на Елцин

[уреди | уреди извор]

По доаѓањето на власт на Борис Елцин, Ходорковски започнал да се додворува на високи бирократи и политичари. Тој до 1991 година бил советник на рускиот премиер Иван Силаев. До 1994 година, неговата банка станала одговорна за средствата собрани за жртвите чернобилската катастрофа, како и за финансирање на градската управава на градот Москва и на самото Министерство за финансии.

Со започнувањето на распродажбата односно приватизацијата во Русија, Ходорковски најмногу искористил при продажбата на Јукос, значително профитабилна нафтена компанија. Процесот на трансфер на големите државни индустрии преку шемата заеми за акции требало да се одвива по пат на лицитации, кои пак биле контролирани од самата држава. Во случајот на Јукос, тоа била банката на Ходорковски која била одговорна за обработка на поднесените понуди во лицитацијата. Така, Ходорковски победил на лицитацијата а тој и неговите партнери стекнале удел од 78% во компанијата.

Во 1992 година тој бил назначен за претседател на фондот за инвестиции на гориво и енергетската индустрија. Тој бил назначен за заменик-министерот за гориво и енергетика на Русија во март 1993 година.

Доаѓањето на Путин

[уреди | уреди извор]

Ходорковски во времето кога Борис Березовски заминал од Москва, станал еден од најбогатите луѓе во Русија. Еден од најголемите конфликти со претседателот Владимир Путин бил околу купувањето на Нортен оил компани од страна на Роснефт, која била во државна сопственост. На лицитацијата, неговата компанија изгубила бидејќи понудила помалку пари. Ходорковски се пожалил дека одговорните луѓе од Роснефт им дале мито на државните службеници и поради тоа победиле на лицитацијата, и лично му порачал на Владимир Путин дека неговата администрација е составена од криминалци. Така Ходорковски започнал да ги финансира опозициските партии кои биле негативно настроени кон Путин. Ходорковски дури дејствуваал и како самостоен суверенитет, преговарајќи со кинеската влада за изградба на гасовод.

Апсење и судско дело

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на јули 2003 година, Платон Лебедев, партнер Ходорковски и втор по големина акционер во Јукос, бил уапсен под сомнение за нелегално стекнување на акциите во државна сопственост на компанијата Апатит, во 1994 година. По два дена од апсењето на Лебедев, Ходорковски отишол во американската амбасада во Москва, каде го информирал амбасадорот за приведувањето на неговиот партнер. По ова, Ходорковски заминал за Вашингтон каде започнал преговори за продажба на неговиот удел во Јукос, кое дополнително го разбеснило на Путин.

Во истото време, тој бил повикан да се појави пред обвинителите за да биде распрашан. На 25 октомври 2003 година, Ходорковски слетал со својот авион во централен Сибир за да наполни гориво, каде по слетувањето на авионнот бил уапсен од страна на службени лица на ФСБ. Канцеларијата на рускиот обвинител тврдел дека Ходорковски и неговите соработници ја оштетиле државата повеќе од 1 милијарда долари. По апсењето на Ходорковски, Леонид Невзлин добил пакет акции во Јукос кога Ходорковски му го продадал својот 60% удел.

По приведувањето на Ходорковски следувале остри реакции од страна на западните земји во Европа. Рускиот водечки опозициски весник Новаја Газета го поддржал на Ходорковски со масовна кампања на постери и протести. Адвокатот на обвинетиот, Роберт Амстердам ја осудил судската постапка нарекувајќи го шоу-судење во кое Ходорковски ќе биде обвинет.

Во мај 2005 година, 18 месеци по неговото приведување, судскиот совет го прогласил за виновен. Судската одлука била испишена на 1.00 страници. Ходорковски и неговиот партнер биле осудени на девет години затвор. На 31 март 2009 година, ново судење на Ходорковски и Лебедев започнало во Москва за нови обвиненија за проневера и перење пари. Ходорковски одбил да се изјасни, тврдејќи дека тој не го разбрал обвинението. Според најновото обвинение, Ходорковски во затвор ќе остане до 2017 година, осуден за кражба на 218 милиони тони нафта.