Министерство за одбрана на Соединетите Американски Држави
Изглед
Основано: | 26 јули, 1947 |
Активирано: | 18 септември, 1947 |
Преименувано: | 10 август, 1949 |
Секретар: | Роберт М. Гејтс |
Заменик секретар: | Гордон Р. Ингланд |
Воен буџет на САД: | $532,8 милијарди (2007, официјално) |
Вработени: | 700.000 цивилни лица 2.300.000 воени лица (2004) |
Министерство за одбрана на Соединетите Американски Држави (англиски кратенки DOD или DoD) е федерално министерство задолжено за усогласување и надзор на сите агенции и функции на владата директно поврзани со националната безбедност и армијата на САД. Организациската поставеност и функциите на министерството се утврдени во Поглавјето 10 од Законикот на САД.