Прејди на содржината

Книгите на Просперо

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Книгите на Просперо“ (англиски: Prospero's Books) — холандско-француско-италијанско-јапонско-британски филм од 1991 година, режиран од Питер Гринавеј (Peter Greenaway), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Џон Гилгуд (John Gielgud), Мајкл Кларк (Michael Clark), Изабел Паско (Isabelle Pasco), Ерланд Јозефсон (Erland Josephson) итн. Филмот, кој претставува екранизација на Шекспировата драма „Бура“, бил номиниран за наградата „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во филмот, Просперо (го игра Гилгуд) е Шекспир кој, откако претходно во себе ја одигрува целата претстава, изговарајќи го текстот на сите ликови, почнува да ја пишува „Бура“...