Вилхелм Кајтел
Вилхелм Кајтел | ||
Роден | 22 септември 1882 Хелмшроде, Германија | |
---|---|---|
Починал | 16 октомври 1946 Нирнберг, Германија |
Вилхелм Бодевин Јохан Густав Кајтел (германски: Wilhelm Bodewin Johann Gustav Keitel), (Хелмшроде, 22 септември 1882 — Нирнберг, 16 октомври 1946), бил нацистички германски генералфелдмаршал и висок воен службеник на Германија Втората светска војна. Тој е еден од поважните службеници на Нацистичка Германија обвинет во текот на Нирнбершкиот процес.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Вилхелм Кајтел е роден на 22 септември 1882 година во местото Хелмшроде, во грофовијата Брунзвик, како син на Карл Кајтел, земјопоседник, и неговата супруга Аполонија Висеринг. По завршувањето на школувањето во Гетинген, тригнал кон остварување на својата воена кариера во 1901 година, и станал Fahnenjunker (Кадетски офицер). Вилхелм Кајтел во 1909 година се оженил со Лиса Фонтен, ќерка на богат земјопоседник. Заедно имале шест деца, од кои едно умрело во раното детство. Во Првата светска војна, Кајтел служел на Западниот фронт. Во септември 1914 за време на борбите во Фландрија, Кајтел се задобил со сериозна повреда на подлактицата.
Од 4 февруари 1938 година (де факто) ја вршел должноста министер за одбрана на Третиот Рајх (всушност бил генерален командант на вермахтот, здружените сили на копнената армијата (Heer), морнарицата (Kriegsmarine) и воздухопловството (Luftwaffe))
На 8 мај 1945 година, во Берлин со овластување на во тој момент последниот претседател на Третиот Рајх Карл Дениц, ја потпишува безусловната капитулација на Германската војска (Wehrmacht), со што практично завршува втората светска војна на Европска територија.
За време на Нирнбершкиот процес прогласен е за виновен по сите четири обвинителни акти и е осуден на смрт со бесење. Погубувањето е извршено на 16 октомври 1946 година.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вилхелм Кајтел“ на Ризницата ? |
- Мемоари на генералфелдмаршал Кајтел Архивирано на 22 март 2021 г., автобиографија
Оваа статија поврзани со Третиот Рајх е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|