7 февруари
датум
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | ||
2024 |
7 февруари — 38-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 327 денови до крајот на годината (328 во престапна).
Настани:
1947 | Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна. |
1965 | Силите на САД почнаа да го бомбардираат северниот дел на Виетнам. |
1991 | Свештеникот Жан Бертран Аристид е прогласен за претседател на Хаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава. |
1992 | Министрите за надворешни работи на „европските дванаесетмина“ во Мастрихт, Холандија, потпишаа Спогодба позната како Мастришки договор (која стапи во сила на 1.11.1993 година) по која започна етапа на развојот на Европа и преобразба на дотогашната Европска заедница во Европска унија. |
Родени:
1102 | Матилда — ќерка на Хенри I. |
1478 | Томас Мор — англиски хуманист, државник и писател. |
1693 | Ана — руска царица. |
1812 | Чарлс Дикенс — англиски писател. |
1814 | Адолф Сакс — белгиски призводител на дувачки инструменти, изумител на саксофонот. |
1870 | Алфред Адлер — австриски лекар и психолог. |
1885 | Синклер Луис — американски писател. |
1889 | Јозеф Торак — австриско-германски вајар. |
1901 | А. ден Долард — холандски писател. |
1913 | Оскар Данон — југословенски композитор и диригент. |
1927 | Душан Вукотиќ — југословенски аниматор. |
1938 | Петар Глигоровски — македонски сликар. |
1942 | Марија Воденска — македонска писателка и поетеса. |
1967 | Стјепан Андријашевиќ — хрватски фудбалер. |
1978 | Ештон Кучер — американски глумец. |
1988 | Магнус Јондал — норвешки ракометар. |
1989 | Ник Калатес — грчко-американски кошаркар. |
1989 | Елија Вивијани — италијански велосипедист. |
1990 | Далајла Мухамад — американска атлетичарка. |
1997 | Николо Барела — италијански фудбалер. |
Починале:
590 | Пелагиј II — римски папа. |
1864 | Вук Стефановиќ Караџиќ — реформатор на српскиот литературен јазик. |
1876 | Партенија Зографски — прв македонски учебникар, филолог, фолклорист. |
1878 | Пиј IX — римски папа. |
1908 | Мануш Георгиев Турновски — македонски револуционер. |
1942 | Иван Билибин — руски илустратор на сказни и сценограф. |
1944 | Христијан Тодоровски - Карпош — народен херој на Македонија. |
1973 | Никола Мартиноски — македонски ликовен уметник, педагог и академик. |
1995 | Шишман Ангеловски — македонски драмски и телевизиски артист. |
1997 | Лазар Манчевски - Пинџур — македонски поет и раскажувач. |
1999 | Хусеин — крал на Јордан. |
2010 | Михаило Марковиќ — југословенски и српски филозоф. |
2013 | Крсто Папиќ — хрватски режисер. |
2019 | Алберт Фини — британски глумец. |